„Португалија го има најлошиот селектор на шампионатот“

По ремито на Португалија против ДР Конго, легендарниот Питер Шмајхел го критикуваше селекторот Роберто Мартинез, нарекувајќи го еден од најлошите тренери на Светското првенство.

Легендарниот дански голман Петер Шмајхел остро го осуди селекторот Роберто Мартинез по неочекуваното реми на Португалија против ДР Конго (1*1) на отворањето на Светското првенство во 2026 година.

Поранешниот голман го обвини шпанскиот стручњак дека буквално го потрошил огромниот талент на португалската селекција, повлекувајќи директна паралела со мандатот на Мартинез на клупата на Белгија, каде што исто така не успеа да го искористи целиот потенцијал на „златната генерација“.

Шмајхел беше доста суров во својата анализа, отворено доведувајќи ги во прашање тактичките идеи и начинот на кој шпанскиот селектор го води и ротира тимот.

„Роберто Мартинез е еден од најлошите тренери на ова Светско првенство досега. Тој ја потроши златната генерација на Белгија, а сега се чини дека истото се случува и со Португалија“, рече Шмајхел. 

Се вчитува...