Фудбалската федерација на Португалија се огласи по одлуката на Кристијано Роналдо да го напушти кампот на португалската репрезентација без дозвола од селекторот.
Во многу кратко соопштение федерацијата само ја потврди веста што од средата вечерта е главна фудбалска тема во светот дека Кристијано Роналдо ја напуштил репрезентацијата.
Португалскиот ас е незадоволен од својот моментален статус кај селекторот Жорже Жесус и од фактот што целиот претходен натпревар (против Норвешка) го минал на клупата за резерви. Тоа го навело да донесе радикална одлука, па наместо да се подготвува со тимот во Копенхаген за следниот натпревар, тој одлучил да си замине.
Така, по подолг период, португалската репрезентација ќе биде лишена од услугите на својата икона. По бурната вечер, но и утрото, Фудбалската федерација на Португалија излезе со соопштение за одлуката на Роналдо да го напушти тимот пред важните натпревари.
„Фудбалската федерација на Португалија информира дека репрезентативецот Кристијано Роналдо го напушти тренинг-кампот на националниот тим, кој се одржува во Копенхаген. Подготовките за натпреварите против Данска и Норвешка – од кои вториот ќе се игра на стадионот „Драгао“ – ќе продолжат според планот, а повикани се преостанатите 24 фудбалери. Целата делегација останува целосно фокусирана на претстојните обврски на репрезентацијата и на остварувањето на зацртаните цели“, се вели во соопштението на Федерацијата.
Инаку, според Дисциплинскиот правилник на Фудбалската федерација на Португалија, на Роналдо му се заканува суспензија во траење од еден до шест месеци, како и парична казна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
