Португалците не се „баук“: Шкупи има сили за мегдан и со Санта Клара!

Шкупи со пресметката против португалската Санта Клара го продолжува европскиот пат ова лето во новата УЕФА Конференциска лига. Вечерва од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје чаирчани го играат првиот натпревар од 2. квалификациско коло, водени од желбата да се елиминираат и Португалците и покрај тоа што очигледно ја носат фаворитската улога пред овој двомеч.

Шефот на стручниот штаб на Шкупи, Гоце Седлоски вели дека неговиот тим ќе мора да одигра трпеливо, паметно и концентрирано денеска доколку сака позитивен резултат пред реваншот во Португалија.

Капитенот, Фатих Исмаили, пак, потенцира максимална подготвеност на сите во тимот за да се дојде до посакуваниот позитивен резултат.

„Максимално сме подготвени за овој натпревар. Свесни сме дека само со максимално издание на терен во текот на сите 90 минути можеме да дојдеме до позитивен резултлтат. Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но верувам дека ќе покажеме за што се е подготвен Шкупи“ – вели Исмаили.

Се вчитува...