Посебна чест: ЛА лејкерс ќе ги повлече двата дреса на Коби Брајант

Лос Анџелес лејкерс ќе му укаже посебна чест на својот легендарен кошаркар Коби Брајант. Следната сезона во НБА лигата, клубот ќе ги повлече од употреба двата дреса со кои играше „црната мамба“. Меѓу легендите на покривот од салата ќе заминат дресовите со број „8“ и со број „24“.

kobi brajant 8 i 24 vtora

Церемонијата е планирано да се изведе на мечот против Голден Стејт вориорс на 18 декември.

Коби Брајант во дресот со број „8“ играше од 1997 до 2006 година, а потоа во следните девет години, од 2006 до 2015, го носеше дресот со број „24“.

Се вчитува...