Жозе Мурињо вечерва за првпат ќе ја предводи Бенфика на натпревар од Лигата на Шампионите, а судбината сакаше тоа да биде токму против Челси, клубот во кој Португалецот испиша златни страници полни со успеси на англиската фудбалска сцена.
И Челси и Бенфика се без бодови по првите натпревари во ЛШ, Мурињо нема сомнеж дека ќе стори се за да ги замрси сметките на поранешниот клуб, но статистиката вели дека „специјалниот“ во последно време се мачи кога се среќава со клубот од „Стемфорд бриџ“.
Севкупниот скор на Мурињо против Челси изнесува четири победи, три реми и седум порази. Сепак, мора да се истакна дека Португалецот последен пат ги совладат „сииннте“ во 2018 година (како тренер на Манчестер Јунајтед со минимални 2-1). Оттогаш, португалскиот стратег имал седум средби против овој поранешен клуб, при што забележал три реми и четири порази.
Дефинитивно, лоша увертира за вечерашниот меч меѓу Челси и Бенфика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

