Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич победи на маратонот во Чикаго и постави нов светски рекорд.
Чепнгетич победи со време од два часа, девет минути и 57 секунди и го собори рекордот на Тигист Асефа од Етиопија од 2:11,53 секунди.
Тоа е втор светски рекорд во последните две години на маратонот во Чикаго, откако најдобриот резултат лани го постави Кениецот Келвин Киптум, кој во февруари загина во сообраќајна несреќа.
„Овој светски рекорд му го посветувам на Келвин Киптум, бидејќи можеби ќе можеше да ја одбрани титулата и повторно да постави нов рекорд. Овој светски рекорд се враќа во Кенија. Многу сум среќна, не знам како да објаснам тоа“, рече Чепнгетич.
Таа додаде дека добро се подготвила за оваа трка.
„Оваа година времето беше совршено. Бев подобро подготвена, се подготвував уште од Лондон. Овој светски рекорд ми беше во мислите “, рече 30-годишната Кенијка.
WORLD RECORD: In her third @BankofAmerica #ChicagoMarathon win, Ruth Chepngetich breaks the world record in an unofficial time of 2:09:57! Congratulations Ruth! pic.twitter.com/YJJP8j0oxQ
— Chicago Marathon (@ChiMarathon) October 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА