Постигнат договор: Алексис Санчез уште три години во Интер

Алексис Санчез ќе продолжи да го носи дресот на Интер и во наредните три сезони откако „нероаѕурите“ постигнаа договор со Манчестер Јунајтед за целосно да го откупат чилеанскиот голгетер од „црвените ѓаволи“. Санчез минатата сезона ја играше на позајмица во Интер, но Јунајтед му плаќаше повеќе од половина од огромната плата од 400.000 евра неделно.

Англискиот гигант на крајот успеа да се ослободи од својот најплатен фудбалер, згора на тоа и да заработи 15 милиони евра од неговата продажба, давајќи зелено светло за Санчез да остане на „Џузепе Меаца“. Позајмицата истекуваше со последното коло од Калчо-лигата, а самиот факт дека Интер го пријави овој фудбалер во листата на играчи за Лигата на Европа е јасен знак дека Конте ќе смета на неговите услуги и во наредниот месец.

Весникот „Кориере дела сера“ најави дека официјализацијата на трансферот се очекува по дуелот против Хетафе во ЛЕ што ќе се игра в среда. Самиот Санчез се согласил на значително намалување на платата, по што се комплетирани сите детали за овој трансфер да може да биде комплетиран.

Се вчитува...