„Постојат играчи кои немаат работа поради Дјурант и тие ср*ња“

Бекот на Јута Џез, Патрик Беверли удри по Кевин Дјурант и целата сага која летово беше активна со неговото заминување од Бруклин Нетс. Дјурант на крајот сепак реши да остане во тимот, од кој пред само два месеци бараше да замине.

Според медиумите во САД голем број тимови чекале да видат како ќе заврши целата сага со Дјурант како би почнале да доведуваат слободни агенти. Токму тоа е тоа што му пречи на Патрик Беверли.

„Сите може да седите и да не правите ништо, но тоа не е во ред. Постојат играчи со семејства кои немаат работа поради Дјурант и неговите ср*ња. Тоа не е убаво“, напиша Беверли. 

Веднаш следеше одговор од Дјурант кој му напиша само „Обвини го Кеј-Ди“.

 

Се вчитува...