Потег на 18. коло во Првата кошаркарска лига (ВИДЕО)

Осумнаесеттото коло од Првата кошаркарска лига донесе шест нови интересни натпревари на терените во Македонија по кои на победи се радуваа Работнички, ТФТ, Феникс 2010, Гостивар, Пелистер и МЗТ Скопје кој во единствената гостинска победа на колото запиша нов рекорд на сезоната постигнувајќи 113 поени во „Шабан Трстена“.

Во колото исполнето со бројни актракции најубавиот потег ни доаѓа од СЦ „Јане Сандански“ каде бекот на „виолетово-жолтите“, Илајџа Џоинер беше побрз од звукот на сирената погодувајќи од половина терен.

 

Се вчитува...