Потег на денот: Фертонген уште го бара Левандовски низ Лондон

Серж Гнабри можеби постигна четири гола на гостувањето во Лондон, но потегот на денот е дело на Роберт Левандовски, кој со неверојатна леснотија се ослободи од Јан Фертонген.

„Спарси“ трпат сеир поради резултатот, а Белгиецот дополнително поради овој потег, па дел од коментарите на социјалните мрежи се дека тој се уште го бара Левандовски низ Лондон.

Воедно, оваа мајсторија на полскиот голгетер на Баерн беше избрана од УЕФА за најдобар потег на сите натпревари што вчера се одиграа во рамките од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...