Салата во Гевгелија вечерва беше место на одржување на убав спортски настан, откако кошаркарскиот клуб Кожув организираше хуманитарен натпревар меѓу две генерации на ветерани на гевгеличани.
Околу 500 навивачи се собраа да дадат поддршка на оваа акција,во која повозрасните беа предводени од капитенот Ѓоко Андреев, а настапија и Дуев, Струпар, Венци Гавровски… додека кај оние помладите на теренот се појавија Драган Лазаревски, Димитар Јаневски, Благој Јаневски…
Резултатот не беше во преден план, а оние кои дојдоа во салата можеа да уживаат во добрите потези на овие некогаш одлични кошаркари.
„Она што треба сите да ги радува е што одигравме одличен меч преполн со возбудувања, а публиката создаде одлична атмосфера во салата. Сите приходи од оваа средба ќе бидат донирани во хуманитарни цели“, информираа од КК Кожув.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА