Потег за респект: Мареј до крајот на годината ќе донира се што ќе заработи на децата од Украина

Поранешниот најдобар светски тенисер Енди Мареј одлучи целата заработка од турнирите до крајот на 2022 година да ја донира на децата загрозени од војната во Украина, објави тенисерот. Освојувачот на три грен слем титули соработува со УНИЦЕФ со цел да обезбеди медицински средства и наставни материјали за децата кои се во тешка ситуација во Украина.

Мареј изјави дека околу 7,5 милиони деца се погодени од оваа војна и клучно е нивното образование да продолжи.

„УНИЦЕФ работи напорно за да им овозможи настава на раселените деца, а ја поддржува и реконструкцијата на оштетените училишта, како и набавката на нова опрема и мебел“, рече Енди.

Мареј моментално е 88. тенсиер во светот, а последниот настап го имаше на турнирот во Дубаи каде беше елиминиран во второто коло од Јаник Синер.

 

 

 

Се вчитува...