Потегот на Манчини ги разбесни Саудијците, а тој имаше нелогично објаснување

Селекторот на Саудиска Арабија, Роберто Манчини се извини за непристојниот потег во завршницата на мечот од 1/8 финалето на Азиското првенство против Јужна Кореја. Манчини пред крајот на изведување на пеналите, замина во соблекувалната и ја остави својата селекција. Неговиот потег донесе бес и неверување кај јавноста во Саудиска Арабија кој го сметаше потегот за неприфатлив.

Саудиска Арабија е елиминирана на пенали со 4-2, откако средбата заврши 1-1. Кореја израмни во судиското надополнување.

Манчини после второто промашување на неговите фудбалери, се упати кон соблекувалната.

„Се извинувам поради ова, мислев дека е готово со пеналите“, рече Манчин и додаде:

„Многу сум тажен што примивме гол во последната минута и изгубивме после пенали. Не разбирам зошто имаше 10 минути продолжение. Како екипа јасно е дека мораме да го подигнеме квалитетот. Имаме многу работа“, изјави Манчини.

Се вчитува...