Потегот на Нено Димитријевиќ против Барселона во топ 3 сезонава во „Ендеса“ (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ го има третиот најдобар потег сезонава во шпанската „Ендеса лига“. Зад Димитријевиќ е одлична сезона во дресот на Хувентуд, а вниманието на јавноста го привлече со одличниот потег на мечот против Барселона.

Овој потег го доби епитетот трет најдобар во сезоната во Шпанија и се најде веднаш зад Џордан Мики од Реал Мадрид и Џош Адамс од Уникаха.

Се вчитува...