Потенцијалниот репрезентативец на БиХ е хит во Летната лига (ВИДЕО)

Доскорешниот кошаркар на Универзитетот Ајова и новиот играч на Детроит Пистонс, Лука Гарза е хит во Летната лига на НБА. 211 сантиметри високиот центар изминатата вечер го водеше својот нов тим до победа над Орландо со 79-78 со дабл-дабл учинок од 21 поен и 15 скока.

Како потсетување, Гарза е роден во Вашингтон, Америка, но има балканско потекло. Неговата мајка е од Босна и Херцеговина, а и тој самиот изрази желба за заигра за балканската репрезентација. Притоа неговиот вујко е легендарниот словенски кошаркар Теоман Алимбеговиќ.

Се вчитува...