Потоп на Тотенхем во Шефилд, се подалеку од Европа… (ВИДЕО)

Тотенхем е се подалеку од место на европската сцена следната сезона откако во 32. коло од Премиерлигата загуби со 3-1 на гостувањето против Шефилд јунајтед.

Домашните поведоа со голот на Берге во 32. минута кој постигна одличен погодок…

Но, веќе во следниот напад Тотенхем успеа да израмни кога Хери Кејн погоди за 1-1. Но, главниот судија Крис Каванах, по консултациите со ВАР собата го поништи голот затоа што пред тоа Лукаш Моура играше со рака. Иако оваа одлука на судиите е дискутабилна, затоа што Моура очигледно беше под прекршок во таа ситуација а потоа еден од фудбалерите на Шефилд ја шутна топката во раката која се одби до Кејн.

Одлуката на судиите да го поништат голот предизвика бес кај Жозе Мурињо кој не ги штедеше судиите со своите пцовки…

Во второто полувреме, Шефил јунајтед со головите на Мусет во 69. минута и МекБарни во 84. минута зголеми на 3-0, а Тотенхем во самиот финиш со голот на Кејн само ублажи за конечни 3-1.

По оваа победа сега Шефилд е во трка за шетстата позиција на табелата која носи во Лигата на Европа.

Се вчитува...