Потпишан договор: Мечеви од НБА ќе се играат во Абу Даби

Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Секретаријатот за култура и туризам на Абу Даби, најавија повеќегодишно партнерство и одржување на првите НБА натпревари во Обединетите Арапски Емирати.

Две натпревари од НБА лигата во претсезоната ќе се играат во октомври 2022 година во Абу Даби, главниот град на ОАЕ.

Партнерството исто така вклучува и случувања за фановите на кои ќе се појавуваат сегашните и поранешните играчи на НБА лигата, јуниорска НБА лига, НБА лига за момчиња и девојчиња, НБА фитнес клиника, НБА 2К лига која ќе почне во 2022 година.

Во текот на досегашната историја на НБА, натпревари се одржуваа надвор од американскиот континент. Се почна во 1984 година кога подготвителниот меч од НБА лигата меѓу Феникс и Њу Џерски, се играл во Милано. Потоа натпревари се играа и во Мексико Сити, Лондон, Шангај. Последен меч од НБА лигата надвор од САД е одигран во Париз во 2020 година.

Се вчитува...