Потрес во НБА: Донован Мичел од Јута преминува во Кливленд

Јута Џез влегува во фаза на „ребилдинг“ откако се откажа и од услугите на Донован Мичел. Американскиот репрезентативец кој е еден од најдобрите на својата позиција кариерата ќе ја продолжи во Кливленд каде заминува во трејд во кој се вклучени и Лаури Марканен, Окер Агбаџи, Колин Секстон и три пика од првата рунда.

Претходно Јута се откажа и од втората ѕвезда во тимот, Руди Гобер кој премина во Минесота, а стапките на овие двајца се очекува да ги заследи и хрватскиот ветеран Бојан Богдановиќ.

Се вчитува...