Потресна приказна на таткото на Хозе Рејес: „Секој ден сум на неговиот гроб…“

Поранешниот шпански репрезентативец Хозе Антонио Рејес загина во сообраќајна несреќа на 1. јуни минатата година откако загуби контрола над автомобилот при брзина од 187 километри на час.

Една година по несреќата, шпанските медиуми го посетија неговиот татко. Неутешниот Франциско се уште не може да верува каква судбина доживеал.

„Не можете ниту да замислите како се чувствувам. Секој ден одам на неговиот гроб во 9 часот наутро. Таму единствено и воопшто одам… Мојата сопруга веќе загуби 40 килограми, а од тој ден не е воопшто излезена на улица. Секој ден размислуваме за тоа што се случи“ – вели Франциско.

Фудбалски натпревари повеќе не гледа затоа што, како што вели, нема сила…

„Не сум погледнал ниту еден натпревар. Ја гледав само Екстрамадура кога оддаваа почест за синот. Ни дербито против Бетис не го гледав. Има денови кога буквално мислам само на него и ништо друго. Тоа се навистина тешки моменти. Севилја за него беше се“.

Рејес во богатата фудбалска кариера, покрај за Севилја, настапуваше и за Арсенал, Реал, Атлетико, Еспањол, а извесен период настапуваше и во Кина.

Се вчитува...