Поцеко доби отказ во Галатасарај

Тренерот на кошаркарскиот клуб Галатасарај, Џанмарко Поцеко, доби отказ откако клубот од Истанбул го претрпе третиот пораз по ред. Кошаркарите на Бурса славеа на гостински терен против Галатасарај во натпреварот од третото коло на турското првенство, со 93-88.

Галата има три порази по ред во сите натпреварувања, загубија од Каршијака по продолженија во второто коло, а потоа и убедливо од Цибона на стартот од ФИБА Лигата на шампионите.

Поцеко го потпиша договорот со турскиот клуб кон крајот на декември, а на 5 јануари ја презеде тренерската функција. Неговиот договор беше со важност до летото 2027 година.

Се вчитува...