Потврда од Вардар: Ќе бидат платени 1 милион евра до ЕХФ

Претседателот на ракометниот шампион на Македонија, Вардар 1961, Михајло Михајловски за „Слободен печат“ потврди дека ќе биде уплатена котизацијата за учество во Лигата на шампионите од 1 милион евра.

Депозитот ќе биде уплатен до 27. јули, односно до истекот на крајниот рок на ЕХФ.

„Средставата ќе се обезбедат и ќе бидат уплатени до крајниот рок и Вардар ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона“, изјави Михајловски за Слободен печат. 

Првиот натпревар Вардар ќе го игра на 15 или 16 септември на гости кај Елверум. Покрај норвешкиот претставник „црвено-црните“ за противници во Лигата на шампионите ќе ги има и Кил, Пик Сегед, Монпеље, Мешков Брест, Алборг и ППД Загреб.

 

Се вчитува...