Комисијата за жалби при фудбалската федерација на Шпанија, ја потврди казната за напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус жуниор, која претходно му ја изрече Дисциплинската комисија.
Одлуката е дека напаѓачот на Реал Мадрид ќе оди на „ладење“ во наредните четири натпревари.
Ова значи дека Бразилецот ќе го пропушти популарното Ел Класико, дуелот со Барселона кој треба да се игра на 25 октомври, како и натпреварите против Севиља, Расинг и Валенсија, а на теренот може да се врати на 22 ноември кога Реал Мадрид ќе игра против Селта.
Винисиус жуниор во натпреварот против Виљареал кој се играше минатата недела, заработи црвен картон поради влечење за коса на противнички играч (Салиба).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
