Потврдено: Челси го продаде Делап на Нотингем Форест

Лиам Делап повеќе не е фудбалер на Челси, откако лондонскиот клуб официјално потврди дека напаѓачот направил перманентен трансфер во Нотингем Форест.

Делап пристигна на „Стемфорд Бриџ“ минатото лето од Ипсвич Таун и беше дел од тимот на Челси кој го освои Светското клупско првенство. На турнирот настапи на шест од седумте натпревари, од кои на четири беше стартер.

Во својата единствена сезона во дресот на „сините“, 23-годишниот напаѓач запиша 41 настап во сите натпреварувања. Постигна голови против Барселона на „Стемфорд Бриџ“ и против Фулам на гостински терен.

Сепак, Делап не успеа целосно да се наметне во нападот на Челси, кој во меѓувреме направи сериозни промени во офанзивната линија.

Сега кариерата ќе ја продолжи во Нотингем Форест, каде што ќе се обиде да добие поголема минутажа и повторно да ја покаже формата поради која Челси минатото лето го доведе од Ипсвич.

Според најавите, целиот трансфер ќе чини околу 50 милиони фунти.

Се вчитува...