Партизан во следните неколку дена би требало да го комплетира најбогатиот трансфер во српската кошарка, откако влезе во завршна фаза од преговорите со Џабари Паркер.
Поранешниот втор пик на драфтот во НБА имаше одлична сезона со Барселона, но поради финансиските проблеми на каталонскиот гигант ќе биде принуден да го напушти тимот една година пред истекот на договорот.
Медиумите во Србија и Грција најавија дека двогодишниот договор со Паркер ќе го чини Партизан огромни пет милиони евра, сума што „црно-белите“ се подготвени да ја платат за да го доведат овој врвен крилен кошаркер во своите редови.
„Точно е. Многу сме блиску до договор со Партизан“, потврди денеска неговиот агент Никос Локос за „Меридијан Спорт“, дополнително зовривајќи ги страстите меѓу фановите на „црно-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА