Габонскиот напаѓач Пјер Емерик Обамејанг, вчера беше во соблекувалната на Барселона каде го славеше триумфот на „Каталонците“ на „Ел Класико“.
Обамејанг не е во составот на Челси поради повреда на грбот, а оваа година не одигра ниту еден цел натпревар за „сините“, а шок беше кога тимот се одлучи да не го пријави за плеј-офот во Лигата на шампионите.
Обамејанг ја искористи повредата да отпатува во Барселона и да го гледа „Ел Класико“, а потоа да се симне во соблекувалната и со своите поранешни соиграчи да го слави триумфот над Реал од 2-1.
Останува да се види како ќе реагира Челси после ова славје на нвниот играч, кој зимоска беше пред враќање во Барселона, но до тоа не дојде.
Pierre Emerick Aubameyang, almost out of Chelsea project, was in Barcelona’s dressing room after Real Madrid game 🔵🔴🤝🏻 #FCB
Auba has still excellent relationship with Barça players, board and Xavi.
He wanted to return in January but it was not possible due to FIFA rules. pic.twitter.com/5KjPpbz8gH
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 20, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА