Повеќе не е позитивен на коронавирус – Леброн експресно се враќа на терените

Леброн Џејмс експресно ќе се врати на терените и покрај позитивниот тест на коронавирус што асот на ЛА Лејкерс го имаше пред два дена, во пресрет на дуелот со Сакраменто.

„Кралот Џејмс“ веднаш се врати во Лос Анџелес и беше ставен во самоизолација, но во меѓувреме направи два теста што беа негативни на Covid-19, со што доби зелено светло за камбек на терените.

„Согласно правилата и здравствените протоколи, играч кој имал позитивен тест може да се врати откако ќе добие два негативни теста, направени во разлика поголема од 24 часа. Леброн има два такви теста и ќе може да се врати на терените“, потврдија од НБА-лигата.

Ова значи дека Леброн Џејмс ќе може да му помогне на тимот на ЛА Лејкерс на градското дерби со ЛА клиперс што на програмата е вечерва.

Се вчитува...