Повеќе од 450.000 читатели на Марка го одбраа најдобриот фудбалер на сите времиња

Повеќе од 450.000 читатели на шпанска „Марка“ изминативе денови беа дел од анкета преку која беше избран најдобриот фудбалер на сите времиња.

Во финалето се најдоа двајца фудбалери кои доминираат во 21. век, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а победата ја однесе португалскиот ас.

Меси долго време беше во водство, но во последен момент Роналдо успеа да го престигне. Португалецот на крајот собра 54%, односно 246.000 гласови, а Аргентинецот мораше да се задоволи со 46%, или 209.000 гласови.

Роналдо во финалето се пласираше со победа во гласањето над Диего Армандо Марадона, додека Меси беше подобар од Бразилецот Роналдо. Во бразилско-аргентинската битка за третото место Роналдо го победи Марадона со 51%:49%.

Се вчитува...