Повеќе солзи од зборови – Суарез емотивно се прости од Барселона (ВИДЕО)

Луси Суарез по шест години поминати на „Камп ноу“ ја напушта Барселона и се сели во големиот ривал Атлетико Мадрид. Од клубот организираа прес-конференција на која Уругваецот се прости од навивачите на каталонскиот клуб. Во емотивна атмосфера со повеќе солзи од зборови Суарез се заблагодари за неверојатниот период поминат во дресот на каталонската гордост.

„Секогаш ќе бидам еден од вас. Никогаш не верував дека ќе го достигнам тоа што го достигнав. Горд сум на себе. Има многу спомени кои засекогаш ќе ги паметам. Беше навистина неверојатно. Ви благодарам“, изјави Суарез.

 

Се вчитува...