Повредата е минато – Несторовски се враќа на терените

Илија Несторовски е подготвен за камбек на теените, за да му помогне на својот Палермо да ја прекине серијата слаби резултати и да се врати назад во елитното италијанско фудбалско друштво. Македонскиот ас речиси два месеци беше повреден, тимот во прв момент солидно се снаоѓаше без капитенот Несторовски во своите редови, но во последните три кола сицилијанците освоија само еден бод покажувајќи голема слабост во нападот постигнувајќи само еден гол за 270 минути игра.

Сепак, македонскиот интернационалец конечно ги надмина проблемите што го мачеа, па доби зелено светло од лекарскиот тим за камбек на терените. Несторовски тренираше со остатокот од тимот во текот на денешниот ден, по што се најде на списокот на играчи на стручниот штаб за гостувањето против Перуџа.

Палермо моментно се наоѓа на второто место на табелата со 38 бода, еден помалку од лидерот Бреша. Несторовски сезонава одигра 14 средби за овој клуб во „Серија Б“, притоа постигнувајќи шест погодоци.

Се вчитува...