Повредата на Маркоски, проблем пред Ангола

mec baner

Фантастичната победа над Тунис си има своја цена, па така Македонија уште во раната фаза од мечот остана без помошта на Велко Маркоски. Одличниот дефанзивец стартуваше како најистурен во формацијата 5-1, а играше и како втор пивот во нападот од стартот на мечот, но се пожали на повреда уште во првото полувреме и потоа не се врати на теренот до крајот на средбата.

Вистинска штета е што останавме без Маркоски, сите многу добро знаете од колкаво значење е овој играч за нашата одбрана. Станува збор за проблем со грбот, мислам дека го мачеше и претходно, но тој молчеше и веруваше дека може да игра со болка. Лекарите треба да видат за што поточно станува збор, се надевам на добри вести и дека наскоро повторно ќе го имаме на располагање. Самиот факт дека победивме без еден така важен играч како Маркоски уште повеќе ја зголемува нашата победа“ – изјави Червар на денешната прес-конференција.

Се вчитува...