Рафиња предвреме го заврши престојот со бразилската репрезентација во овој прозорец откако одличниот голгетер доби зелено светло да се врати назад во Барселона.
Причина – повредата што офанзивецот ја заработи на дуелот со Австралија поради која мораше да биде заменет на полувремето. Прегледите на бразилскиот медицински тим не утврдиле посериозен проблем со мускулот, но бидејќи станува збор за истиот дел од ногата поради која Рафиња паузираше повеќе од три месеци, била донесена одлука да не се ризикува и тој да се врати назад на рехабилитација во својот клуб.
Рафиња дефинитивно ќе го пропушти наредниот меч на „кариоките“ со Индија и тој во текот на денов треба да слета во Барселона.
По новите прегледи во каталонската престолнина Барса ќе излезе со соопштение околу состојбата на Бразилецот и тоа дали голгетерот ќе може да настапи на дуелот со Хетафе веднаш по репрезентативната пауза на 10 октомври.
Каталонците ги очекува пеколен распоред кон крајот на месецот, кога во рок од нецела седмица најпрвин на 20 октомври му гостуваат на европскиот првак ПСЖ во рамките од Лигата на Шампионите, за само пет дена подоцна да го пречекаат Реал Мадрид во големото дерби на шпанската Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
