Повредата на Тричковски не е сериозна

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски не е посериозно повреден и најверојатно ќе му биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за сартот на квалификациите за ЕП 2020 година. Фудбалерот на АЕК Ларнака се повреди по само три минути игра на мечот против АЕЛ Лимасол и мораше да биде заменет.

Сепак, деталните лекарски прегледи, како што информираат кипарските медиуми, покажале дека не се работи за сериозна повреда на листот на ногата. Тричковски игра во одлична форма оваа сезона на Кипар.

Се вчитува...