Повторно хаос со ВАР на меч на Реал: Гранада оштетена за пенал… (ВИДЕО)

Реал Мадрид дојде и до десеттата победа сезонава во Ла Лига, триумфирајќи со 2-0 против Гранада во натпревар во кој повторно се издвоија и моменти со улогата на ВАР-системот.

Победата за „кралевите“ ја најави Кашемиро со погодокот во 57. минута од натпреварот.

 

Но, истиот играч беше во центарот на вниманието во самиот финиш од првиот дел. Тогаш гостите бараа пенал откако Кашемиро собори во шеснаесетникот еден од фудбалерите на Гранада.

На репетицијата се гледа дека Кашемиро го повлекува гостинскиот фудбалер, но од ВАР-собата останаа „неми“.

 

Реал Мадрид до вториот погодок дојде во 94. минута преку Бензема. Со оваа, со победа со 32 бода, кралскиот клуб се израмни на врвот со Атлетико Мадрид кој има и два натпревари помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...