Не паметите кој е Ентони Бенет, првиот пик на драфтот во 2013 година? Во ред е, многумина не паметат, а дел од оние кои паметат најверојатно го знаат по молбите упатени од Македонци до НБА лигата за на „руки“ натпреварот на Ол-стар викендот младиот Канаѓанец да биде заменет со Перо Антиќ.
Бенет кој беше избран од страна на Кливленд никогаш не го оствари својот потенцијал, а откако се „прошета“ низ неколку франшизи заврши во Фенерхабче каде, повторно не успеа да се наметне, а денеска игра за Хапоел Ерусалим. Бенет едногласно беше прогласен за најголем „флоп“ на драфтот, а многумина ваква иднина му препишуваат и на Зајон Вилијамсон.
Првиот пик на драфтот во 2019 години доминраше во колеџ кошарката за Дјук, но физикалиите кои ги поседува 21-годишникот немаат влијание во НБА лигата па наместо за доминација повеќе се говори за неговата килажа. Така е и овој пат кога видеото од подготовка за натпревар остави многу изненадени.
„Можете да видите дека „ставил“ неколку килограми повеќе. Мора да се намали со килажата. Има 21 година и веќе треба да работи на тоа да ослабне. Тоа не е добро“, беше коментарот на аналитичарот на Никс.
Според медиумите „преку барата“, Зајон тежи 136 килограми, а на тренинг кампот на Њу Орлеанс се приклучил со „вишок“ од 11 килограми повеќе отколку во неговата руки сезоната.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА