Повторно ќе може од средно училиште да се сели во НБА лигата

НБА лигата и синдикатот на професионални кошаркари стигнаа до договор со кој ја спуштија границата на 18 години за можност за настап во најсилното кошаркарско првенство во светот.

Тоа значи дека како во периодот од 1995 до 2005 година, кошаркарите сега повторно ќе можат по завршувањето на средното училиште повторно да се пријават на драфтот во НБА лигата.

Досега услов за влез во НБА беше барем една година некој од кошаркарите да бидат дел од колеџот или во некоја од професионалните лиги во Европа, Азија или развојната Џ-лига.

Некои од најпознатите кошаркари кои директно од средното училиште стигнаа во НБА се: Коби Брајант, Леброн Џејмс и Кевин Гарнет.

Се вчитува...