Проблемите со повредите на Арсенал повторно стапија на сцена откако камбекот на Каи Хаверц на терените мораше да биде одложен.
Германецот е „во аут“ од 17 август кога го повреди коленото и мораше да биде опериран, неговиот камбек беше најавуван пред самиот крај на годинава, но напаѓачот во текот на вчерашниот ден се пожалил на болка во пределот на повреденото колено.
Деталните прегледи не покажале пресериозен проблем, но сепак е препорачано целосно мирување во следните 15 дена, а датумот за враќање на терените е поместен за вториот дел од јануари 2026.
Хаверц беше многу важен играч во ротацијата на Артета ланската сезона, а неговиот камбек сезонава со нетрпение се очекува, особено ако се земе во предвид слабата форма на Гјокереш, кој не ги оправда очекувањата по мега-трансферот од Спортинг Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

