Повторно се враќа меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“: Пријавувањето почнува од 1. август

По едногодишна пауза поради Ковид-пандемијата, оваа година повторно се враќа еден од најпрепознатливите меморијални турнири во мал фудбал во Македонија, „Оливер Соколов – Сокол“, со своето 18-то издание.

Подготовките за турнирот се веќе започнати, а пријавувањето на екипи официјално ќе започне на 1. август, и ќе трае до 28. август. Извлекувањето на екипите ќе се одржи на 30. август, а стартот на турнирот е закажан како и секогаш традиционално на 1. септември со почеток во 20 часот на игралиштето „Сокол“ во ООУ Христијан Тодоровски Карпош – Карпош 1.

„Турнирот ќе биде отворен со ревијален натпревар меѓу футсал репрезентацијата на Македонија и репрезентација од поранешните ју-простори која засега не сакаме да се открива. Бројот на екипи е ограничен на 48 екипи. Сите информации и детали за настап и пријавување на екипа ќе бидат објавени на нашиот сајт во делот ПРИЈАВУВАЊЕ најдоцна до 30. јули“ – информираат организаторите на турнирот.

Сите детални информации за традиционалниот меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“ може да ги најдете на официјалната интернет страница: www.sokolturnir.mk

Се вчитува...