Повторно во центарот на вниманието: Мурињо ‘избега’ од прес само што седна… (ВИДЕО)

Тотенхем воопшто не брилјира во Премиерлигата, освојувајќи само бода на гостувањето против Борнмут. На четири кола до крајот сега е на десет бода помалку од четвртопласираниот Лестер, па јасно е дека следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите.

Факт е дека Португалецот воопшто не е среќен поради сето тоа па незадоволството, во свој стил, го покажа и на прес-конференцијата по вчерашното реми без голови.

Мурињо само што седна на прес-конференцијата и ги постави слушалките, по неуспешниот обид да се воспостави добра врска, веднаш ги тргна, стана и ја напушти салата.

„Здраво Жозе, дали ме слушаш?“ – го праша еден од новинарите кои со видео-врска се поврзуваат на пресовите поради пандемијата на коронавирусот. Португалецот одговори кратко: „Не“ и си замина.

Од клубот потоа воопшто не ја објаснија реакцијата на Мурињо, но очигледно сето тоа беше поради технички проблем кој дополнително го разбесни португалскиот стратег.

Се вчитува...