Трансферот на Душан Влаховиќ во Јувентус значи заминување за несудениот македонски репрезентативец Дејан Кулушевски кој до крајот на преодниот рок ќе замине во Премиер-лигата.
Тотенхем ќе биде новиот клуб на Кулушевски, откако „спарси“ се договорија за шестмесечна позајмица, со можност за откуп на крајот од сезоната. Лондонскиот клуб автоматски ќе го откупи договорот за 40 милиони фунти доколку успее да обезбеди учество во Лигата на Шампионите наредната сезона.
Кулушевски пристигна во торинскиот клуб како големо засилување во 2020 година, но не успеа да се наметне кај „страта дама“.
Тотенхем во овој преоден рок беше поврзуван со Адама Траоре и Луис Дијаз, но на крајот ќе мора да се задоволи со 21-годишникот кој за трансфер на „Хотспур“ ги одби Арсенал, Милан и Евертон.
Dejan Kulusevski to Tottenham, here we go! He’ll fly to London today. Total agreement reached with Juventus ⚪️ #THFC
Deal will be around €40m plus add ons – including loan fee and buy clause that could become mandatory in case of UCL qualification/certain number of appearences. pic.twitter.com/HQi56zVbrw
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА