Дарвин Нуњез беше критикуван поради слабите претстави на првите две контролни средби на Ливерпул на кои скапото засилување одигра само по триесет минути и против Манчестер Јунајтед и против Кристал Палас. Сепак, уругвајскиот ас блесна на денешната контрола со Лајпциг (0-5), на која Нуњез со четири гола за едно полувреме ги поздрави „хејтерите“ кои ја критикуваа управата на Ливерпул за одлуката да инвестира богатство во неговиот трансфер од Бенфика.
Нуњез влезе во игра на самиот старт од второто полувреме, при резултат 0-1 (дело на Салах) и веднаш се запиша во листата на стрелци, од пенал совладувајќи го голманот на Лајпциг. Само три минути подоцна Нуњез го постигна и вториот гол, додека хет-трикот беше комплетиран кон средината на полувремето, на асистенција на Харви Елиот.
Уругвајското гол-шоу беше комплетирано во 90. минута, кога Дарвин успеа да го матира домашниот голман за „петарда“ во мрежата на Лајпциг.
A real comp. pic.twitter.com/NBGHSrHxjy
— Watch LFC (@Watch_LFC) July 21, 2022
Darwin Nuñez with his FOURTH 😍 pic.twitter.com/IpUcoBMtlW
— Watch LFC (@Watch_LFC) July 21, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА