Поздрав од Дибиров: Фала за се, Македонци!

Емотивно е во таборот на Вардар во пресрет на вечерашниот натпревар против Пик Сегед, последен домашен европски меч за „црвено-црните“ во овој состав. Голем дел од нив во текот на летото ќе ги променат клупските бои, а Тимур Дибиров во пресрет на дуелот со Пик Сегед јавно им се заблагодари на македонските фанови за поддршката што ја добиваше од нив со години наназад.

Фала за се Македонија и Македонци“ – напиша Дибиров на својот инстаграм-профил.

Русинот ќе биде еден од главните адути на тренерот Парондо и на денешниот натпревар, во обид да се стигне и до третиот фајналфор во Келн, како идеална завршница на овој состав на Вардар.

 

View this post on Instagram

 

Last game????????Fala za se Macedonia I Macedonci?????????⚫

A post shared by Timur Dibirov (@timurdibirov31) on

Се вчитува...