Позитивни случаи на Ковид-19 во Бутел, одложено дербито против Металург

Дерби натпреварот во ракометната Суперлига меѓу Бутел и Металург е одложен поради позитивни случаи во таборот на тимот од Бутел.

„Поради позитивни случаи на Ковид-19 во нашата екипа, одложен е денешниот натпревар против тимот на Металург што беше заостанат од 7 коло во Суперлигата. Дел од ракометарите ќе одат во изолација, а дополнително ќе информираме за евентуалното одложување на следните натпревари што го очекуваат Бутел Скопје, против Младост Богданци и Тиквеш“, стои во соопштението од клубот. 

 

Се вчитува...