Познат идеалниот тим на 2. коло на СП во Катар

Со завршување на вчерашните натпревари во групите Г и Х беше комплетирано и второто коло на Светското првенство во Катар. Реноминираната страна за оценки на фудбалерите „софаскор“ го избра идеалниот тим на втората рунда на шампионатот.

Него со најдобра оцена го предводи Бруно Фернандеш кој беше стрелец на двата погодоци за Португалија на дуелот против Уругвај со кој се затвори оваа рунда на Светското првенство.

На голот се наоѓа Полјако Шчесни. Во одбраната се Живковиќ (Србија), Кастелето (Камерун), Саис (Мароко), Алекс Сандро (Бразил). Во средината покрај Фернандеш тука се и: Ковачиќ (Хрватска), Гризман (Франција) и Кудус (Гана), додека нападот го сочинуваат Чо (Ј. Кореја) и Абубакар (Камерун).

 

Се вчитува...