Познат распоредот на Македонија на СП 2023

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците за Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се одржува во Полска и Шведска. Денешната ждрепка во Катовице одлучи, Македонија да се најде во групата Ф заедно со репрезентациите на Норвешка, Холандија и Аргентина. Нашата репрезентација немаше среќа на ждрепката бидејќи можеше да се падне и многу полесна група.

Познати се и термините на натпреварит на нашата репрезентација во првата фаза во групата која ќе се игра во Краков. Сите натпревари Македонија ќе ги игра во терминот од 20.30 часот. Почнуваме со Норвешка на 13. јануари. Два дена подоцна играме со Холандија, а групната фаза ја затвораме со дуелот против Аргентина на 17. јануари.

13. јануари – 20.30 часот, Македонија – Норвешка
15 јануари – 20.30 часот, Македонија – Холандија
17 јануари – 20.30 часот, Македонија – Аргентина

Најдобрите три селекции од секоја група ќе се квалификуваат во главната групна фаза.

Се вчитува...