Познат распоредот на одбојкарите за ЕВРО квалификациите

Одбојкарската репрезентација на Македонија го дозна распоредот во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година. Успешното деби во Љубљана мината година го вбројува македонскиот национален тим во потесниот круг фаворити за настап на следниот еврошампионат, но патот до него, сепак, нема да биде лесен во групата со Турција, со Данска и со Босна и Херцеговина.

Турците имаат најголем рејтинг, Данците се амбициозни да го искористат интернационалниот играчки потенцијал и да бидат дел од елитата, а директен пласман на Европското првенство ќе обезбедат првите репрезентации во седумте квалификациски групи, како и петте најдобри второпласирани.

Квалификации за ЕП 2021, група „Ц“ – прв турнир Данска
8 јануари:
Босна и Херцеговина – Турција (16 часот)
Данска – Македонија (19 часот)
9.јануари:
Турција – Македонија (16 часот)
Босна и Херцеговина – Данска (19 часот)
10.јануари:
Македонија – Босна и Херцеговина (16 часот)
Турција – Данска (19 часот)

Квалификации за ЕП 2021, група „Ц“ – втор турнир Македонија
15.јануари:
Данска – Турција (17.30 часот)
Македонија – Босна и Херцеговина (20.30 часот)
16.јануари:
Турција – Босна и Херцеговина (17.30 часот)
Македонија – Данска (20.30 часот)
17.јануари:
Босна и Херцеговина – Данска (17.30 часот)
Македонија – Турција (20.30 часот)

Се вчитува...