Познат распоредот: Првото осминафинале ќе биде за уживање

Со комплетирањето на половина од групите веќе е познат и дефинитивниот распоред за првите четири осминафинални натпревари.

Со групната фаза ќе се заврши на 28 јуни, по што ќе следи само еден ден одмор, па ќе стартуваат осминафиналните натпревари, на 30 јуни.

А првиот дуел ќе биде за вистинско уживање, во 16 часот Аргентинците по тешкиот пат до нокаут-фазата налетаа на европскиот вицепрвак Франција. Истиот ден, но со почеток во 20 часот, ќе може да се проследи уште една јужноамериканско – европска битка, Уругвај ќе излезе на мегдан со Португалија.

Домаќинот Русија на 1 јули во 16 часот ќе игра против Шпанија, додека Хрватска во вечерниот термин ќе ја има фаворитската улога против Данска.

Се вчитува...