Познат распоредот во Бундеслигата, шампионот тргнува од Бремен

Познат распоредот на натпреварите на германската Бундеслига. Баерн Минхен го брани трофејот, откако го освои 11-ти пат по ред, во последното коло совладувајќи го Келн, а Борусија „киксна“ на домашен терен против Мајнц.

Баерн титулата првак ќе почне да ја брани на 18 август со гостување во Бремен кај Вердер. Борусија Дортмунд во првото коло игра дома со Келн, додека дербито е во Леверкузен, каде Баер го чека Лајпциг. Унион Берлин игра против Мајнц како домаќин.

После Вердер, Баерн го чека дуел со Аугзбург дома, па во 3. коло гостува во Менхенгладбах, а потоа дома со Баер Леверкузен. Дербито се игра на почетокот на ноември кога Борусија во Дортмунд го чека Баерн Минхен.

ДВОЈКИ, 1. КОЛО

Вердер – Баерн М.
Борусија Д. – Келн
Унион Берлин – Мајнц
Баер Л. – Лајпциг
Ајнтрахт Ф. – Дармштад
Волфсбург – Хајденхајм
Хофенхајм – Фрајбург
Аугзбург – Борусија М.
Штутгарт – Бохум

Целиот распоред на следниот ЛИНК. 

Се вчитува...