Познат распоредот за новата сезона во Бундеслигата – Баерн почнува со Менхенгладбах, Дортмунд со Ајнтрахт

Германската фуддбалска федерација го објави распоредот за новата сезона во Бундеслигата. Актуелниот шампион Баерн Минхен одбраната на титулата ќе ја стартува со меч против Борусија Менхенгладбах, додека Борусија Дортмунд ќе се сретне со Ајнтрахт Франкфурт.

Дарко Чурлинов и неговиот Штутгарт во првото коло на домашен терен ќе го пречекаат новајлијата Гројте Фирт. Првото дерби меѓу Борусија Дортмунд и  Баерн Минхен ќе се игра во 14. коло на „Сигнал Идуна“ паркот, додека вториот меч е закажан за 31. коло на „Алијанц арената“.

 

 

Се вчитува...