Познат распоредот за новата сезона во Премиер-лигата – Шампионот стартува против Вест Хем, Ливерпул со „новајлијата“ Фулам

Познат е распоредот за новата сезона во англиската Премиер-лига која ќе стартува на 5. август со натпреварот меѓу лондонските ривали Кристал Палас и Арсенал. Во првото коло актуелниот шампион Манчестер сити ќе му гостува на Вест Хем, додека Ливерпул ќе патува во Лондон кај „новајлијата“ Фулам.

Во второто коло најинтересен ќе биде дуелот меѓу Челси и Тотенхем, додека првото вистинско дерби на програмата е во третата рунда кога Манчестер јунајтед на домашен терен ќе го пречека Ливерпул.

Првиот натпревар меѓу Ливерпул и Сити ќе се игра на „Енфилд роуд“ на 15. октомври како дел од 11. рунда, додека вториот дуел на „Етихад“ ќе биде дел од 29. коло кое ќе се игра на 1. април.

Се вчитува...