Познат стартниот состав на Вардар: Седлоски со Николов и Исени од првата минута!

Познати се стартните состави за првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу Малме и Вардар кој стартува од 19 часот на „Сведбанк арената“ во Малме.

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски се одлучи за главно очекуваниот тим, со едно изненадување во офанзивата давајќи шанса од првата минута на најновото засилување од Шкупи, младиот Бесар Исени.

Исени во нападот ќе биде заедно со очекуваните Барсегјан и Балотели, а на кои од позадина ќе им помага Хуан Фелипе.

Во средниот ред од првата минута ќе почне Бобан Николов, кој сепак и покрај повредата изминатиов период добива шанса пред Никола Глигоров, кој остана на клупата за резервни фудбалери.

СТАРТНИТЕ СОСТАВИ НА МАЛМЕ И ВАРДАР…

sostavi

Се вчитува...